Реал, Барса и Сити ќе бидат разочарани, Дибала до крајот на месецот добива нов договор

by
2 минути читање

Напаѓачот е желба
на Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити кои се спремни летоска да го одврзат
ќесето за да стигнат до потписот на Пауло Дибала.

Јувентус не сака
да остане без услугите на Аргентинецот па му понуди нов договор.

Играчот се уште
нема ставено потпис на документите, па тоа остава простор за нови гласини.

Сепак,
генералниот директор на „Старата Дама“, Бепе Марота вели дека тие не се
загрижени и порачува дека Пауло Дибала до крајот на месецот ќе ја продолжи
соработката.

„Не сме загрижени – рече Марота по вчерашната победа
над Каљари. „Неговите агенти се во Аргентина
.

„Кон крајот на
месецот ќе пристигнат во Италија и тој ќе стави потпис на новиот договор
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани