156
Шампионот на Англија е во голема резултатска криза но вечерва обезбеди добар резултат. На неутрален тере во Унгарија, избраниците на Јирген Клоп победоа со 0-2 против РБ Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони.
„Биковите“ со катастрофални грешки му подарија на противникот два гола и триумф.
Во 53. минута, Сабицер лошо врати една топка, Салах се најде осамен пред Гулаши и рутински го матираше за 0-1.
Пет минути подоцна, Мукиеле лошо процени една топка, Мане изби сам напред и реализираше за 0-2.