Бележиме нова
неуспешна сезона за Барселона во Лигата на шампионите, ако лани Рома беше таа
што направи чудо на реваншот против Каталонците, сезонава тоа го стори
Ливерпул, кој анулираше негатива од цели 0-3, за дома да слави со 4-0 и да се
чекира за големото финале.
Лионел Меси беше
доста вознемирен по мечот на Енфилд, дотолку што дури ги одмина медиумите не
давајќи изјава по пресметката во микс зоната, а кон него имаа што да дофрлат
неколкумина навивачи на каталонскиот клуб.
Мундо Депортиво
пишува дека петкратниот освојувач на Златната топка морал со обезбедување да
помине на аеродромот за да се избегне поголем инцидент од разлутените навивачи,
доцнењето на Аргентинецот дојде како резултат на анти-допинг тестовите кои беа извршени
над него по натпреварот.
class="twitter-tweet" data-lang="en">these fans actually went to Messi at
the airport. Fucking shameless pricks. I won't find it strange if Messi
chose to leave at the summer.
pic.twitter.com/HS0t0XIjFe—
G (@PassToMessi) May
8, 2019