Рашфорд не сака да остане во Астон вила – се понудил на клубот кој долго време е негова желба!

by Стефан
1 минути читање

Англискиот фудбалски репрезентативец Маркус Рашфорд повторно го насочил погледот кон„ Камп Ноу“.

Според информациите на италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, офанзивецот на Астон Вила повторно ѝ се понудил на Барселона со надеж дека ова лето конечно ќе се реализира трансферот што одамна го посакува.

Рашфорд, кој сезонава настапи на 41 натпревар и зад своето име впиша 11 голови и девет асистенции, верува дека има квалитет да биде дел од каталонскиот гигант и очекува наскоро да започнат конкретни разговори.

Интересно е што 26-годишниот напаѓач наводно е подготвен и да прифати намалување на платата која ја заработува во редовите на Астон вила само за да заигра во дресот на Барса. Вакво сценарио беше најавено и во зимскиот преоден рок, но тогаш преговорите не дадоа резултат.

Останува да се види дали желбата на Рашфорд конечно ќе се оствари ова лето, во време кога Барселона бара нови решенија за засилување на нападот.

Фото: Aston Villa/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани