Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер вели дека Маркус Рашфорд
и Пол Погба ќе бидат во целост подготвени, како и на негово располагање во однос
на предвидениот период за продолжување на сезоната во Премиерлигата.
Рашфорд беше
предвидено да отсуствува од преостанатиот дел од сезоната откако се здоби со
сериозна повреда во јануари, а Погба е вон стројот на „Црвените ѓаволи“ од претходно, но двоецот веќе се врати на тренинзите, а имаат и добар прогрес,
тврди Солшер.
„Тие изгледаат
одлично, се приклучија на тренинзите, сторија се’ што сторија и другите момци, нема реакција засега“ вели Солшер.
„Кога ќе почнеме,
се чини дека ние ќе го имаме целосниот состав на располагање“ додава норвешкиот
фудбалски стратег од клупата на „Црвените ѓаволи“.
Фудбалерите на Манчестер
јунајтед тренираат во помали групи изминатиов период, а Солшер тврди дека се’
е подготвено за идната фаза од
тренажниот процес, односно новата фаза од т.н. „Проект Рестарт“ во Премиерлигата,
за што се дискутира токму денеска.