Манчестер
јунајтед ќе биде без Маркус Рашфорд за пресметката со „Росонерите“ во четврток
на свој терен, а младиот напаѓач, како и самиот клуб би требало да бидат среќни
што избегната е повреда од посериозен карактер.
Рашфорд беше повлечен
од игра во 73 минута во гостинската победа од 0-2 кај Манчестер Сити изминатиот
викенд, а се стравуваше од тоа дека фудбалерот се здобил со повреда на глезенот,
повреда од посериозен карактер.
Како и да е, „Скај
Спорт“ информира дека медицинските прегледи извршени над Рашфорд потврдиле дека
фудбалерот избегнал оштетување на лигаментите, меѓутоа со него нема да се
ризикува и тој во четврток ќе биде поштеден.
Повредата на
Рашфорд доаѓа и во пресрет на дуелот на домашен терен против неверојатниот Вест
Хем на Дејвид Мојс, кој најавува докрај битка за четвртото место на табелата во
Премиерлигата.