Италијанскиот дефанзивец во јануари од Интер се пресели на позајмица во Хал и веднаш импресионираше со своите игри.
Ранокија е задоволен од Премиерлигата и сака да остане во Хал и следната сезона.
„Фантастично е, да знаев дека е толку добро немаше да чекам до 29. година за да дојдам да играм во Англија“ – изјави Ранокија за официјалниот сајт на Хал.
„Стадионот е одличен, фановите се одлични, терените се супер и се надевам дека тука ќе бидам и следната сезона“.
„Никогаш не сум имал проблеми во Интер со тренерот или клубот, но на 29 години сакав да искусам нешто ново надвор од Италија“.
„Дали може да опстанеме? Од она што го гледам околу мене од играчите и стручниот штаб, сите работат напорно за да опстанеме. Не можеме да кажеме со сигурност додека не заврши сезоната, но работиме за таа цел“.