Раниери се огласи по отказот: Mојот сон умре…

by
1 минути читање

Пред помалку од една година Клаудио Раниери му донесе неверојатен, сензационален успех на Лестер, го направи шампион на Англија. Но синоќа сопствениците донесоа по многумина шокантна одлука да се разделат со италијанскиот стратег.

Клаудио Раниери, полн со емоции како и секогаш, се огласи со соопштение:

„Мојот сон умре. По еуфоријата минатата сезона и крунисувањето во шампион на Премиерлигата, се што сонував беше останување во Лестер. клубот кој го сакам, засекогаш. За жал тоа нема да се случи“.

„Сакам да и се заблагодарам на мојата сопруга Росана и целата моја фамилија за нивната поддршка која никогаш не запре додека бев тренер на Лестер“.

„Благодарност до Паоло и Андреа кои беа со мене на ова прекрасно патување. До Стив Кутнер и Франко Гранељо кои ми ја донесоа можноста да станам шампион“.

„Најголема благодарност до Лестер. Авантурата беше неверојатна и ќе живее со мене засекогаш“.

„Благодарност до сите новинари и медиуми кои беа со нас и уживаа информирајќи за најубавата приказна во фудбалот“.

„Од срце им благодарам на сите во клубот, сите играчи, персоналот, сите кои беа таму и беа дел од она што го постигнавме, но најмногу до навивачите“.

„Ме ставивте во вашите срца од првиот ден и ме сакавте. Јас ве сакам исто така. Никој никогаш не може да ни го земе она што заедно го постигнавме“.

„Се надевам дека ќе помислувате и ќе се насмевнувате секој ден на начинот на кој јас секогаш ќе го правам тоа. Тоа беше период на прекрасност и среќа која јас никогаш нема да ја заборавам. Беше задоволство и чест да се биде шампион со сите вас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани