Раниери повеќе не е тренер на Фулам

by
2 минути читање

Од Фулам
известија дека ја прекинале соработката со италијанскиот фудбалски стратег
Клаудио Раниери, а како негова привремена замена ќе биде Скот Паркер, кој ќе го
предводи тимот од Лондон во следниот период.

По разговорот
кој го имавме утринава, Клаудио Раниери се согласи на мојата одлука дека
потребна е промена како најдобар интерес за сите. Неговиот потег не ме
изненади, Клаудио е џентлмен, таков е секогаш
“ посочи првиот човек на
Премиерлигашот, Шахид Кан во изјавата за официјалниот клупски сајт.

Клаудио дојде во
една навистина комплицирана ситуација, преземајќи екипа со само еден освоен бод
во последните осум меча, имаше навистина големо подобрување во однос на тоа што
го гледавме претходно од нашата екипа, во првите осум меча под негово кормило,
Фулам освои девет бода, благодарен сум му на желбата која ја покажа за да успее

додаде тој.

Разочаран сум од
последните неколку резултати, не успеавме да продолжиме по патот кој започнавме
по моето преземање на кормилото, би сакал да му се заблагодарам на клубот,
играчите и навивачите поради поддршката која ја добив изминатиов период во
клубот
“ рече Раниери.

38 годишниот
поранешен англиски репрезентативец Скот Паркер токму во Фулам ја заврши својата
кариера пред две сезони, во клубот од Лондон мина четири сезони во кои забележа
119 настапи а притоа постигна и шест погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани