Раниери ќе ја спасува Рома откако не успеа да го спаси Фулам

by
1 минути читање

„Волчицата“ синоќа се раздели со тренерот Еузебио Ди Франческо. Неговата иднината беше под знак прашалник по срамната елиминација од Купот на Италија, како и лошите резултати во Серија А, а чашата беше прелиена откако Рома во средата го заврши настапот во Лигата на шампионите.

Управата на клубот не трошеше време и брзо пронајде замена, Клаудио Раниери е именуван за нов тренер до крајот на сезоната.

Искусниот стратег, кој е роден и пораснат во Рим, кратко играше за „Џалоросите“ а седеше и на кормилото од 2009 до 2011, за новата авантура на Олимпико рече: „Задоволен сум што се вратив. Кога Рома се јави, беше невозможно да кажам не“.

Клаудио Раниери пред само една недела доби отказ од Фулам откако не успеа да го извлече клубот од дното на табелата и забележа скромни три победи на 17 меча. Тој сега ќе се обиде да ја спаси сезоната на Рома со обезбедување на топ четири пласман кој носи настап во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани