Рангник: Манчестер јунајтед потроши 700-750 милиони, а е полош од тоа што беше пред три години!

by bojan
1 минути читање
Манчестер јунајтед

Поранешниот тренер на „ѓаволите“, Ралф Рангник даде брутален коментар за ситуацијата во Манчестер јунајтед, вели дека клубот е во полоша ситуација од таа пред три години, а во меѓувреме се потрошени 700-750 милиони фунти.

Ралф Рангник привремено седна на тренерското столче на Олд Трафорд во сезоната 2021/22 кога отказ доби Оле Гунар Солшер, и помогна „ѓаволите“ да финишираат на позицијата број 6.

Стратегот од Австрија и тогаш не се плашеше отворено да говори за промените на Манчестер јунајтед, а истото го стори и сега, даде брутален коментар за ситуацијата на клубот.

„Требаше да направат неколку основни промени, а тие потрошија 700 или 750 милиони фунти на нови играчи. И сега се значително полоши од пред три години“ – вели Ралф Рангник.

„Со триумф во Лигата на Европа можат да ја спасат сезоната, но се останато ќе биде огромно разочарување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани