1,1K
Рандал Коло Муани е спасител на Јувентус на гостувањето кај Комо (1-2) во 24. коло на Серија А.
„Старата дама“ стигна до десетта победа во сезоната на ова незгодно гостување предводена од новиот напаѓач кој е само позајмен од ПСЖ. Комо одигра доста храбро, ама не успеа да го материјализира тоа.
Резултатот беше отворен во 34. минута кога Коло Муани имаше добар продор и погоди за 0-1. Во финишот на првиот дел Асане Диао донесе израмнување за домашната екипа.
Пред самиот крај на натпреварот Јуве доби пенал, а Рандал Коло Муани погоди во 89. минута за конечните 1-2.