Ривалството
помеѓу двата клуба е големо, па Раел Мадрид не пропушти да ја пецне Барселона за
катастрофата во Париз.
Пред почетокот на
дуелот со Наполи, головите на Ди Марија, Дракслер и Кавани беа прикажани на
големиот екран на Сантијаго Бернабеу.
По крајот на натпреварот со „Наполитанците“, во кој Реал стигна до победа од 3-1, ниту капитенот
Серхио Рамос не го криеже задоволството од тешкиот пораз што го доживеа Барса
на Паркот на Принцовите.
„Не сум изненаден
од она што и се случи на Барса” – вели дефанзивецот. „Доколку имате лоша вечер во Лигата на Шампионите,
скапо ќе платите“.
„ПСЖ одигра
одличен натпревар, притискаше високо на теренот”.
Запрашан дали
уживал во поразот, Рамос вели: „Нема да кажам не…”.
„Секако, не сакам
да ги гледам пријателите како страдаат, но во исто време очигледно е дека не
сакам Барселона да победи”,