Капитенот Серхио Рамос уште еднаш покажа дека е играч за големи натпревари
и кога е најпотребно тој стапува на сцена.
Наполи имаше водство од 1-0 по првиот дел и беше подобар противник од Реал Мадрид, но на стартот
од второто полувреме Серхио Рамос за пет минути постигна два гола и го урна сонот на
домаќините за четвртфинале.
„Ова беше мојот 100.
настап во Европа па сакав да помогнам со погодоци во клучен дел од средбата” – рече Серхио Рамос по крајот на натпреварот.
„Пред една недела критичарите ме убија, сега постигнав два гола и сум многу добар. Нема да кажам дека сум херој”.
Кога новинарката
му посочи дека вториот погодок УЕФА му го препиша на Мертенс како автогол,
дефанзивецот одговори: „Не ме зае*авај. Постигнав два гола”.