Кон финишот на
првиот дел, почнаа да летаат искри по еден дуел помеѓу Серхио Рамос и Лео Меси.
Капитенот на Реал расчисти една топка но при стартот, со лакт го удри
Аргентинецот во лице.
Фудбалерот на
Барселона остана да лежи на тревата, па откако топката не беше исфрлена,
судијата Маљенко ја прекина играта. Серхио Рамос потоа дотрча до Лео Меси и
побара од напаѓачот да не се преправа и да стане, по што настана жолчна расправија.
По крајот на
натпреварот, Серхио Рамос го прокоментира овој спорен момент и рече. „Немаше
намера во мојот старт, но тој прилично лошо го прифати тоа. Сепак, работите што
се случуваат на теренот остануваат на теренот“.
Запрашан дали
поразот значи крај на надежите за титула во Шпанија, дефанзивецот вели: „Ова е
многу важен чекор за Барса, жалам што загубивме и разликата е толку голема, но ќе
продолжиме да се бориме бидејќи се е можно“.
„Им честитам за
победата, одигравме добро но тоа не беше довлно. Фудбалот е голови и
ефикасност, а ние вечерва го немавме ниту едното ниту другото“.