Во петокот,
Зинедин Зидан и играчите имале состанок пред утринскиот тренинг, на кој говорел
Серхио Рамос.
Медиумите од
Шпанија пренесоа дека капитенот на Реал Мадрид на своите соиграчи им кажал дека треба да работат
понапорно и да се помагаат еден на друг на теренот.
Но дефанзивецот
исто така порачал дека исклучок се прави само за Роналдо со
образложение: „Единствен кој не треба да трча е Роналдо, тој постигнува 60
погодоци по сезона”.
Сепак, Серхо
Рамос сега распали по новинарите и вели дека пишуваат лаги.
„Сторијата е
целосно невистините” –
вели дефанзивецот. „Да, имавме состанок и разговаравме за она што се случи
против Лас Палмас”.
„Но никогаш не
сум кажал дека Крис не треба да трча. Во овој клуб сите мораат да трчаат и да
помогаат, од прв до последен”.
„Сите мораат да
притискаат, така се освојуваат трофеи”.