Рамос му се заканил на Перез: Ќе почнам да слушам други понуди… ми кажаа дека ПСЖ ќе прави страшен тим со мене и Меси!

by
1 минути читање

Серхио Рамос е обврзан кон „кралевите“ до 30. јуни па од почетокот на оваа година слободно може да потпише пред-договор со друг клуб.

Реал Мадрид сака да го задржи и според емисијата „Ел Ларгеро“ на СЕР, капитенот на маса има предлог за двегодишен договор (1+1) и 10% помала плата од таа која ја заработува во моментов (15 милиони евра). Но Серхио Рамос и луѓето од неговиот табор, се уште немаат одговорено на понудата.

Според емисијата „Ел Чирингито“, Флорентино Перез минатата недела имал средба со Серхио Рамос.

„Предлогот кој ми го доставивите нема да го прифатам и ќе почнам да слушам други понуди“ – била пораката која дефанзивецот му ја испратил на претседателот.

Новинарот Жозеп Педрерол вели дека капитенот не застанал тука и додал: „Ми кажаа дека ПСЖ ќе прави страшен тим со мене и Меси“.

Претседателот на Реал Мадрид кратко одговорил: „Доколку имаше навистина добра понуда, ќе те разбереме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×