Рамос му пресуди на Наполи, Баерн одново ја наполни мрежата на Арсенал (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Кралевите“ во Неапол пристигнаа со предносот од 3-1 од првиот натпревар,
но домаќините одлично ја започнаа средбата и храбрата игра им донесе водство во
25. минута.

Мертенс го матираше Навас по една добра акција за 1-0 и голема радост на
Сан Паоло.

Белгијанецот потоа имаше солидна шанса и за 2-0, но неговиот удар заврши во
стативата.

Реал Мадрид се разбуди на стартот од вториот дел и за пет минути ги реши
сите дилеми.

Во центарот на вниманието беше Серхио Рамос, капитенот најпрво изедначи на
1-1 по еден корнер во 52. минута, а потоа одново скокна највиско во 57. минута
за 1-2 и молк на Сан Паоло.

Точка на натпреварот стави Мората со гол во судиското надополнување за
конечни 1-3.

Арсенал се обиде достоинствено да се прости од Лигата на Шампионите, но
„Топчиите“ доживеаа нов тежок пораз.

Волкот ги донесе домаќините во предноство во 20. минута, но на стартот од
вториот дел Косјелни направи пенал и доби црвен картон.

Левандовски погоди од белата точка за 1-1, а потоа со играч повеќе, Робен
донесе предност од 1-2 во 68. минута а Коста погоди за 1-3 десет минути
подоцна.

Видал со два гола за пет минути ги постави конечните 1-5.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани