Рамос испиша историја, па со својот гест ги изненади сите, дури и Мората зачудено праша „Јас?“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалерот на
Реал има седум погодока на последните осум мечеви за Шпанија и тропа на вратата
на десетте најдобри стрелци во историјата на „Црвената фурија“ откако вечерва
погоди од пенал против Шведска и го отвори резултатот во победата од 3-0.

Тој исто така
стана само вториот дефанзивец кој постигнал барам 20 погодока во националниот
дрес по легендарниот Фернандо Јеро. Серхио Рамос можеше да придодаде уште еден на свото конто откако Мората
изнуди втор пенал, но дефанзивецот изненади со својот гест.

Откако топката му
беше дадена на Рамос, капитенот наместо да ја постави на белата точка, му ја
остави на Мората. Дури и напаѓачот беше зачуден и праша „Јас?“. Откако доби
потврден одговор, Мората го прегрна својот поранешен соиграч од Реал во знак на
благодарност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани