Вечерва Шпанија и
Португалија ќе ги одмерат силите во контролен меч во рамките на
интернационалната пауза, а медиумите за момент се подзанимаваа со Серхио Рамос
и Кристијано Роналдо, кои претходно девет години играа заедно во Реал Мадрид.
Вечерва Рамос и
Роналдо ќе ги гледаме како ривали на теренот, а се верува дека двоецот не
разговара веќе две години, и тоа од самото освојување на Златната топка од
страна на Лука Модриќ, за што Рамос посебно му замерил на Роналдо по неговата
реакција откако не го доби тоа признание.
„Марка“ пишува
дека Рамос и останатите фудбалери од соблекувалната на Реал Мадрид, со исклучок
на Марсело, веднаш се дистанцирале од Португалецот по неговата реакција каде
беше видно разочаран за признанието на Модриќ, без да оддаде признание дека Хрватот
со кого заедно беа дел од составот на „Кралевите“ ја заслужи таа награда.
Роналдо тогаш
веруваше дека сторил доволно за да го добие тоа признание во 2018. година по
шести пат во неговата кариера, а за италијанските медиуми рече: Секако дека сум разочаран, но животот
продолжува понатаму, а јас и натаму ќе работам напорно, на теренот сторив се’
што е можно за да се освои ова
признание, бројките не лажат, но, секако дека не сум до толку несреќен, имам
прекрасни пријатели и семејство, играм во еден од најдобрите клубови.
Во изјавата
Роналдо притоа и му честиташе на Модриќ, додавајќи дека нема да плаче поради
тоа, меѓутоа категорично
стоеше на ставот дека тој бил фудбалерот кој заслужил да го добие тоа признание.
Ќе потсетиме дека своевремено по преселбата на Роналдо во Јувентус, Португалецот изјави дека италијанскиот првак е како едно семејство, што не било случај претходно во Реал Мадрид, на што Рамос брзо реагираше демантирајќи го својот екс соиграч, наведувајќи дека не знае за што зборува, како и тоа дека никој не е над „Кралскиот клуб“.