192
Договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид истекува по крајот на оваа сезона, тој веќе слободно може да преговара со други клубови.
„ЕСПН“ дознава дека Пеп Гвардиола е фан на Рамос и би сакал да го види во Манчестер Сити следната сезона.
И покрај тоа што има 35 години, Рамос нема пад во формата, напротив, продолжува да прикажува врвни партии.
Манчестер Сити беше блиску до потпис и со Лео Меси минатото лето, но Барса рече не. Сега ситуацијата ќе биде поинаква, па следното лето тие може да го добијат како слободен играч и него.
Доколку се остварат ваквите шпекулации, ќе ги видиме Рамос и Меси во еден тим, што досега беше незамисливо.