180
Рамос на дуелот со Елче од игра беше изваден во 61. минута, а вечерва против Аталанта постигна гол од пенал во 60. минута, а четири минути подоцна го напушти теренот.
Пред да биде заменет, Рамос со гестикулација со рацете побара од Зидан да го остави на теренот уште десет минути. Но тренерот не сакаше да ризикува и веднаш го извади од игра и на негово место влезе Милитао.
Договорот е Рамос во овој период да игра по еден час.
Реал Мадрид ионака се мачи со повреди, па Зидан сака да го има на располагање Рамос за финишот од сезоната.