Раководството на Вардар ја почасти Шкендија со лесна победа

by
1 минути читање

За разлика од мечот со Силекс кога тимот во целост беше младински, Вардар овој пат во составот имаше тројца искусни играчи од првиот тим, Барсегјан, Новак и Битанг.

И покрај гневните реакции на навивачите на Вардар на одлуката клубот да игра со младински тим во Тетово, раководството не покажа слух да ја промени и дозволи понижување на теренот на главниот ривал.

Купот на Македонија беше шансата на Вардар да освои трофеј оваа година, но една „иновативна“ одлука за начин на бојкот кој на крајот ќе нема никаков ефект освен срамни резултати на клубот, допринесе „црвено-црните“ да немаат фер шанса за борба со Шкендија. 

И ваквиот состав на Вардар се држеше во првото полувреме кое заврши без голови, но комплетно потклекна во вториот дел. Бесарт Ибраими од 53. до 65. минута постигна три гола за убедливо водство од 3-0.

На десет минути пред крајот поранешниот Вардарец, Муслиу погоди со глава и ги постави конечните 4-0.

Шкендија со вкупни 5-1 се пласира во полуфиналето од Купот на Македонија.

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани