Раководството на Челси донело одлука за иднината на Лампард

by
1 минути читање

Челси е во криза, не само резултатска туку и игрите на тимот се на очајно ниво. Се веруваше дека по поразот од Манчестер Сити наскоро ќе следува и отказ за Лампард, особено што Томас Тухел сега е слободен тренер.

Но „Гардијан“ тврди дека работите не се баш такви. Раководството на Челси е загрижено поради резултатите во последно време, но тие ќе му дадат поддршка на Лампард уште некој период.

Стратегот на Челси ќе добие уште една шанса да ги сврти работите во своја полза, а неизвесно е колку долго ќе трае трпението на челниците доколку тие не се поместат кон подобро.

Абрамович е познат дека брзо ги носи одлуките за отказ кога на тренерите не им оди најдобро, статистиката вели дека Лампард е најлошиот во ерата на рускиот газда, но статусот на легенда на клубот се чини дека му носи заштита во овој момент.

Во следните два натпревари од Премиерлигата, Челси игра на гостински терен, на 15. јануари му гостува на Фулам, а четири дена подоцна оди кај Лестер. Претходно има меч во ФА Купот, на Стемфорд Бриџ ќе го пречека тимот на Морекамб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×