Ракитиќ: Му реков на Меси дека имам трофеј кој тој никогаш нема да го освои

by
1 минути читање

Иван Ракитиќ
вечерва се враќа на „Камп Ноу“, меѓутоа не како фудбалер на Барселона, туку
како член на Севиља, односно противник на Каталонците во реванш пресметката од
полуфиналето во Копа дел Реј.

Првиот меч Севиља
на свој терен го доби со 2-0, а за Ракитиќ сигурно ова ќе биде посебен меч
против својот поранешен клуб, па во пресрет на истиот, 32 годишниот Хрват
открива една интересна анегдота од разговор со првата ѕвезда на Барселона и
негов поранешен соиграч, Лионел Меси.

Му реков:
Ги постигна сите тие погодоци, но
јас имам трофеј кој ти никогаш нема да го имаш, трофејот во Лига Европа
“ изјави
Ракитиќ низ шега, а објасни и како имал среќа да учи од едни од  најдобрите како Чави и Иниеста.

Гладта за победа
беше неверојатна, имав голема среќа што поминав една година со Чави, како и
неколку години со Иниеста, со нив развив пријателски однос и вон терените, учев
од нив на терените, но посебно и вон истите, а додека ги гледав како играат
постојано си велев дека постои причина зошто се најдобри
“ додаде Ракитиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани