95
Мино Рајола во
неколку наврати одби да потврди дека супер талентираниот голман ќе остане на
Сан Сиро, и сугерираше дека е подготвен да му најде нов клуб на Џиџо Донарума.
Милан сака да го
задржи својот бисер, па се подготвени да направат одредени отспаки во
преговорите за новиот договор.
Според пишувањата на Тутоспорт, Џиџо Донарума ќе ја продолжи верноста кон
„Росонерите“ со клаузула Мино Рајола да добие голем процент од сумата при
евентуална идна продажба.
Контроверзниот
агент и во минатото има добиено ваква клаузула кога го донесе Пол Погба во
Јувентус.
Па кога играчот
минатото лето беше продаден за рекордни 105 милиони евра, Мино Рајола си лапна
27 милиони евра.