Швеѓанецот на 34
години се пресели на „Островото“ откако минатото лето на негов ангажман
инситираше новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо.
Златан
Ибрахимовиќ има импресивна прва сезона во дресот на „Црвените Ѓаволи“ и до овој
момент постигна 26 погодоци во сите натпреварувања.
Па сега од сите страни доаѓаат пофални зборови за играта на напаѓачот.
Во разговор со
Ток Спорт, неговиот агент, Мино Рајола вели дека никогаш претходно не добиле сериозна
понуда од Премиерлигата и објасни зошто е тоа така.
„Никогаш не сме
добиле сериозна понуда, не барем на нивото кое тој го сакаше” – вели Рајола.
„На пример, мојот
голем пријател Сер Алекс Фергусон никогаш не праша за Ибра”.
„Клубовите од
Премиерлигата беа прилично резервирани, сите се прашуваа дали тој може да успее
во Англија и јас бев прилично шокиран од овие прашања и сомнежи”.