Рајола: Навивачите на Јуве мора да сонуваат трансфер на Погба, кога не сонувате… тоа значи дека сте мртви!

by
1 минути читање

Пол Погба
минатото лето изрази желба да замине од Манчестер јунајтед, често се говореше
за негов трансфер во Реал Мадрид, а како опција беше и враќање во Јувентус. „Ѓаволите“
сепак одбија да го продадат Французинот и поставија висока цена од речиси 200
милиони евра.

Но и понатаму има
гласини дека фудбалерот од средниот ред не ја гледа својата иднина на Олд
Трафорд, па Мино Рајола синоќа беше запрашан дали Пол Погба би можел одново да
го облече „бело-црниот“ дрес.

„Тифозите на
Јувентус мора да сонуваат, исто како сите други навивачи ширум светот, кога не
сонувате… тоа значи дека сте мртви“
– вели контроверзниот агент.

„Од друга страна,
јас работам во реалниот свет, треба да направам прав потег во право време за моите
клиенти да напредуваат во нивните кариери. Сега не е време да зборувам дали Пол
Погба ќе замине од Манчестер јунајтед и дали ќе се пресели во Јувентус или можеби
Реал Мадрид или пак Барселона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×