„Рајола го користи Јунајтед за да ја зголеми платата на Де Лихт во Барса“ – МЕН вели дека господарот на мрачните игри стои зад шпекулациите

by
3 минути читање

Со месеци се најавува
дека перспективниот Холанѓанец ќе се пресели на Камп Ноу, но во последните
неколку недели зачестија гласините дека Матајс де Лихт ќе потпише за Манчестер
јунајтед.

Извештаите вела
дека „ѓаволите“ му понудиле толку многу богат договор што е тешко да го одбие
предлогот. Сепак, синоќа најпрво Скај Спортс пренесе дека нема вистина во
ваквите стории, а денеска истото го објави и Манчестер инвнинг њуз.

Според МЕН, зад
ваквите шпекулации стои Мино Рајола и контроверзниот агент го користи Манчестер
јунајтед за да обезбеди што е можно поголема плата за неговиот клиент од
Барселона, и секако, што е можно поголема провизија за самиот себе.

„Редовна практика
изминативе години е агентите да го користат Манчестер јунајтед за да обезбедат
што е можно подобар договор за своите клиенти од клубот во кој настапуваат или
клубот во кој сакаат да се преселат. Серхио Рамос, Нејмар, Дани Алвеш,
Кристијано Роналдо… долга е листата со играчи кои го користеле Манчестер
јунајтед како пион во нивната трансфер стратегија“
– пишува весникот.

„И човекот кој
стои зад преговорите на Де Лихт е господар на
мрачните игри кога станува збор
за тоа да се обезбеди најдобрата зделка за своите клиенти. Управата на
Манчестер јунајтед знае што прави Мино Рајола, на сопствена кожа осетија дека
тешко се преговара со него“.

„А и самиот Де
Лихт не прави ништо за да ги спречи шпекулациите, а и зошто би правел нешто? Фудбалерот и неговиот агент знаат дека вредноста на дефанзивецот го допре
врвот и го користат ова за да обезбедат што е можно подобар договор пред да
соопштат дека ја одбрале Барселона“
.

Во меѓувреме,
самиот Де Лихт порача дека за иднината ќе одлучи по настапот со Холандија на
завршницата од Лигата на нации.

„Се уште не знам
каде ќе играм следната сезона. Многу работи беа напишани и кажани, но така е
целагодина. Фреки де Јонг веќе донесе одлука (потпиша за Барселона), а јас се уште
не сум го сторил тоа. Гледате што е најдобро за вас, треба да ја донесете
најдобрата важна одлука. Точно е дека неколку клубови се заинтересирани за мене“

– вели дефанзивецот.

„Немам клуб од
соништата, секако освен Ајакс. Секогаш сонував за настап во Ајакс и ми се
оствари сонот. Ќе видам што е најдобро за мене и мојата кариера, кое е
најдоброто место да продолжам да се развивам. Би можел да останам и во Ајакс.
Имам договор со нив и тоа е една опција“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани