Вчера беше
последен ден од летниот трансфер период, клубовите работеа турбо и беа склучени
огромен број на зделки. Една од нив беше и трансферот на Рафиња во Лидс. „Белите“
доцна синоќа, на неколку часа пред крајот го потврдија Бразилецот, за кого платија
околу 17 милиони фунти.
Во првото интервју
како фудбалер на Лидс, Рафиња изјави дека е среќен, се заблагодари за укажаната
доверба и порача дека му се остварил сонот да игра во Премиерлигата.
„Задоволен сум и
среќен за шансата и довербата која клубот ми ја покажа. Среќен сум што дојдов
тука, и се надевам дека ќе го впишам моето име во историјата на клубот.
Отсекогаш сум сакал да играм во Премиерлигата, сонував за настан во ова
првенство, каде играат најдобрите, па сонот ми се оствари“ – изјави Рафиња.
Сепак, во
Франција пишуваат дека Бразилецот сакал да остане во Рен и бил продаден против
својата волја.
Играчот за
трансферот во Лидс дознал во саботата, ден пред натпреварот против Ремс. Во
неделата тој бил во солзи и сакал да остане уште 12 месеци во Рен. Трансферот ја
налутил и соблекувалната, клучните играчи се пожалиле кај претседателот.
Рен во моментов е прв на табелата во Франција, а ќе игра и во Лигата на шампиони откако минатата сезона забележа топ 3 пласман.
The possible transfer of Raphinha to Leeds United is occurring against the will of the player, who was in tears on Sunday & wanted to stay for another 12 months – the Rennes dressing room were so outraged that key players complained to the president. https://t.co/3zmDMVoJEq
— Get French Football News (@GFFN) October 5, 2020