Паоло Малдини и
неговите соработници привршуваат со креирањето на тимот за следната сезона.
„Росонерите“ синоќа пронајдоа компромис со Бодо/Глимт за зделка од 5 милиони
евра, па офанзивецот Јенс Петер Хауге денеска пристигна во Милано на лекарски
прегледи.
Милан исто така
ги комплетираше преговорите со Лион за трансфер на Лукас Пакета. Двата клуба си
подале рака за зделка од 20 милиони евра, плус процент од следна продажба а Бразилецот
веќе се збогувал со сите во Миланело.
Со парите од
продажбата на Лукас Пакета, Милан ќе тропне на вратата на Сент Етјен и ќе достави
понуда за дефанзивецот Весли Фофана.
Сепак овој трансфер е прилично
комплициран, „зелните“ за неговите услуги бараат 35-40 милиони евра, плус
интерес пројавува Лестер, „лисиците“ се подготвени да ја платат оваа сума.