Вардар немаше право на кикс во трката за шампионската титулата а притоа требаше да се надева дека Шкендија нема постојано да победува. Но тие своето не го одработија, го загубија мечот со градскиот ривал работнички, а со тоа им пропаднаа речиси сите шанси во борбата за трофејот.
Натпреварот уште не почнал а Работнички поведе, Херера во втората минута погоди за водство од 1-0, само пет минути подоцна мрежата на Вардар ја затресе и Ангелов.
Вардар ништо не играше во продолжението, имаше посед на топката, се обидуваше да дојде до погодок но тешко создаваше вистински шанси за гол.
Конечно Попов во 79. минута постигна гол и го врати Вардар во игра, но македонскиот шампион остана само на тој погодок.
Во 88. минута голманот на Работнички Божиновски заработи црвен картон по едно кошкање со Дејан Блажевски. Мечот беше продолжен шест минути но домаќинот издржа и сосема заслужено се радуваше на победата.
Утре на програмата се останатите четири меча, Скопје – Ренова, Победа – Шкупи, Шкендија – Академија Пандев и Силекс – Пелистер.