Работнички броеше до шест на реваншот против Тре Пене и во голем стил го потврди пласманот во втората рунда

by
2 минути читање

По минималниот и
тешко извојуван триумф во Сан Марино од 0-1 во последните моменти од мечот,
Работнички му се истури на Тре Пене, овој пат на домашен терен на реваншот во
Скопје кој се одигра на „Тренинг Центарот Петар Милошевски“, совладувајќи го
аутсајдерот со убедливи 6-0.

На полувремето од
мечот, нашиот претставник имаше водство од 2-0, и уште во оваа фаза го потврди
прогресот во следното коло.

Два гола во
победата на „Романтичарите“ постигнаа Најденов и Велинов, по еднаш мрежата од
голот на противникот ја затресоа Сахити и Маркоски.

Шефот на
стручниот штаб на Работнички, Виктор Треневски излезе на теренот со овој состав
:
Шишковски, Рашо (Илиев 61), Митрев, Шиков, Херера, Најденов,
Трајчевски, Дурански (Е. Сахити), Велинов, Маркоски и С. Сахити
(Кадриу 80’)
.

Доколку се
сумира, ова е солиден ден за македонскиот фудбал, две од вкупно три екипи
изборија место во следната рунда натпревари во квалификациите за Лига Европа.

Шкендија го
визираше пласманот во следната фаза со убедливата победа над Дачија со 0-4 во
Кишињев, по онаа во Струмица на домашен терен со 3-0. Пелистер немаше сили за
изненадување против Лех Познан, па на домашен терен во Струмица денес претрпе
нов пораз од својот противник од 0-3, со вкупен резултат од 0-7 забележа
елиминација во оваа фаза.

Шкендија најверојатно
за противник во следното коло ќе го добие фински ХЈК кој на полувремето од
реваншот против Велшки Конанс имаше предност од 2-0, откако на гости загуби со
1-0.

Работнички ќе
игра против подобриот од пресметката помеѓу Динамо Минск (Белорусија) и Рунавик
(Фарските Острови), реваншот помеѓу овие две екипи се игра во терминот од 19 часот и 30 минути, по првиот меч Белорускиот претставник дома триумфираше со
2-1.

 

Ристе Ѓорѓиевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани