Работнички врза шест меча без победа откако ремизираше на гостувањето кај Беса, натпреварот заврши 2-2, немаше победник и на дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Башкими, тие одиграа 1-1.
Работнички во завршницата од првиот дел со голот на Демир Имери и еден автогол на домаќините дојде до водство од 2-0, Арсими намали на 2-1 во 69. минута, а за бод се погрижи Албан Таипи во 84. минута од средбата.
Македонија Ѓорче Петров на свој терен одигра 1-1 против Башкими во натпревар во кој не видовме премногу прилики, но и двете екипи имаа свои шанси.
Башкими прв дојде до водство со погодокот на Аворнио на стартот од вториот дел, додека домаќините бодот го освоија благодарение на лошата реакција на голманот Стојкоски кој до тој момент забеележа неколку добри интервенции. Пецов од редовите на „лавовите“ се обиде веројатно да нафрли во 77-та минута, меѓутоа топка на крајот по лошата реакција на Стојкоски заврши во мрежата.