ПСЖ сигурен во четвртфинале, второлигаш го исфрли Лил од Купот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Второлигашот Данкерк го елиминира Лил од Купот на Франција, откако подобро изведуваше пенали и слави со 5-4 (1-1) на „Пјер Мороа“. Домашната екипа долго време се мачеше против аутсајдерот, го скрши отпорот во 85. минута и преку Гомес стигна до предност. Сепак, длабоко во судиското продолжение Тејан успеа да израмни дури во 96. минута на 1-1.

Данкерк подобро изведуваше пенали и по осум серии славеше со 5-4 против апсолутниот фаворит.

Пари Сен Жермен и покрај тоа што играше со релативно изменет состав сигурно триумфира против Ле Ман (0-2). Со головите на Дезире Дуе и Бредли Баркола кој влезе во вториот дел парижани стигнаа до четвртфиналето.

Пласман меѓу осумте најдобри забележа и Брест со триумф на гости кај Тројес (1-2).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани