ПСЖ пред финалето со Интер освои уште еден трофеј во Франција (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Пари Сен Жермен продолжува да ја демонстрира својата супериорност на домашната сцена, тимот предводен од Луис Енрике вечерва без проблеми го совлада Ремс со 3:0 и го подигна трофејот во Купот на Франција.

„Светците“ уште во првото полувреме постигнаа три гола и така го решија натпреварот. Бредли Баркола беше двоен стрелец во 17. и 19. минута, а Ашраф Хакими во самиот финиш на првиот дел, во 43. минута, го постави конечниот резултат.

Сега ПСЖ може целосно со мислите да се насочи на финалето во Лигата на шампионите против Интер кое на програмата е в сабота од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани