Нејмар, Килијан
Мбапе и Еден Азар се дел од имињата кои се најавуваат како новиот „галактико“ на
Флорентино Перез ова лето. Но во исчекување на нов трансфер рекорд, „Кралевите“
се на чекор до првото засилување за новиот тренер Хулен Лопетеги.
Голем број на
извори вечерва пренесоа дека шампионот на Европа ќе го донесе во своите редови
Алваро Одриозола.
Првиот човек на
Реал Сосиедад, Хокин Аперибај од утрово е во Мадрид, во текот на денот имал
средба со генералниот директор на Реал Мадрид, Хосе Анхел Санчез и двајцата
начелно постигнале договор.
Реал Мадрид ќе
плати 40 милиони евра колку што изнесува откупната клазула но без да ја
активира. Останува само да се договори начинот на исплатата и дали Реал
Сосиедад ќе добие процент од иднина продажба.
22 годишниот
Шпанец ќе биде замена за Дани Карвахал на десната бековска позиција и ќе треба
да го притиска својот постар колега од репрезентацијата за место во првиот тим.