78
Киксовите во овој период од сезоната може скапо да чинат. Челси влезе како голем фаворит против ВБА, но доживеа вистински дебакл.
А натпреварот почна идеално за Челси, во 27. минута Пулишиќ постигна гол за водство од 1-0, но само две минути подоцна повратникот во тимот Тиаго Силва доби втор жолт картон и го остави домаќинот со играч помалку.
Во судиското продолжение од првиот дел Переира даде два гола за комплетен пресврт и водство на ВБА од 2-1.
Во 63. минута Робинсон зголеми на 3-1 за ВБА, пет минути подоцна Диање погоди за 4-1.
Течеше 71. минута кога по асистенција од Вернер кој како да се исплаши да шутне, па додаде, Маут даде гол за 4-2.
Но во судиското продолжение од мечот Робинсон реализираше за конечни 2-5.