Првиот човек на Барса на таен состанок со Меси во домот на Аргентинецот

by
1 минути читање

„Каталонците“ имаат прилика сезоната да ја завршат со двојна титула, но и покрај тоа, разочарувањето на Камп Ноу е големо поради болната елиминација од Лигата на шампионите.

Барселона имаше добра прилика да игра финале и да го врати трофејот од најелитното европско натпреварување во своите редови, но им се случи срамен пораз на Енфилд од 4-0.

Па минатата сабота имало таен состанок помеѓу Жозеп Мариа Бартомеу и Лео Меси. Новинарот Ориол Доменеш во програмата „Тот Коста“ на Радио Каталуња откри дека 11 дена по дебаклот со Ливерпул, првиот човек на Барселона се сренал со Аргентинецот во домот на напаѓачот во Кастељдефелс.

Се уште не е познато за што било разговарано, ниту пак колку време траела средбата, но се претпоставува дека дискутирале за тоа што се случи на Енфилд, за финалето од Копа дел Реј и иднината.

Оваа неделата двајцата беа на иста бранова должина кога е во прашње иднинта на Ернесто Валверде за кого се велеше дека ќе добие отказ. Најпрво Бартомеу порача дека стратегот ја има неговата доверба, а и синоќа Лео Меси застана во одбрана на тренерот и изјави дека посакува тој да остане на кормилото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани