Првичните резултати од истрагата велат дека Рејес возел со 200 на час

by
1 минути читање

Како што
пренесува мадридскиот весник, автомобилот со кој управувал Хосе Антонио Рејес
се движел со повеќе од 200 километри на час. Ваквите се првичните резултати за
истрагата на трагичната несреќа. Фудбалерт седел зад воланот, во еден момент изгубил
контрола и излетал од автопатот, а автомобилот откако удрил во заштитната
ограда, се превртел неколку пати и изгорел.

Станува збор за
автомобил Мерцедс Брабус с550. АС појаснува дека покрај Хосе Антонио Рејес, на
лице место починал и Хонатан Рејес, кој седел на задното седиште.

Вториот братучед
на фудбалерот, Хуан Мануел Калдерон кој седел напред, и за кого привично исто
така беше пренесено дека починал, се уште е жив и се наоѓа на интензивна нега со
изгореници на 60% од телото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани