Првенецот на Пандев вреден три бода, Џенова славеше во Верона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Џенова ја напушти
зоната за испаѓање откако вечерва славеш во дуелот со Верена а за
тоа најзаслужен е Горан Пандев.

Македонецот имаше одлично издание, на
Бентегоди го постигна свој прв гол оваа сезона и донесе минимална победа од
0-1.

Тој можеше да се
прослави уште на почетокот на средбата, но лошо зафати еден волеј и пропушти
допра прилика, но затоа се искупи во финишот на првиот дел.

Популарниот Гоче
одлично се снајде во втората минута од судиското надополнување и со десна биеше
прецизно на подалечната статива.

Горан Пандев во вторто полувреме имаше одлична асистенција за Ригони, кој промаши зицер откако се најде
лице во лице со противничкиот голман.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани