ПСЖ претходно ја завери шампионската титула во Лига 1, но целта да ја заврши кампањата без пораз не е остварена, денеска на свој терен загубија со 3-1 од Ница.
Мислите на ПСЖ се насочени кон полуфиналето во Лигата на шампионите против Арсенал, тоа беше видливо на денешниот натпревар.
Луис Енрике извади силен состав, но и покрај тоа доживеа пораз.
Ница поведе во 34. минута со гол на Сансон, седум минути подоцна Руиз го изедначи резултатот на 1-1.
На самиот почеток на второто полувреме Сансон даде уште еден гол и го врати водството на Ница на 2-1, а во 70. минута Ндаишимие ги постави конечните 3-1 за гостите.