Промашен пенал и еден куп шанси, Џенова на Пандев останува без победа кај Фиорентина од 1977 (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Горан Пандев и
Џенова одиграа реми без погодоци на гостувањето кај Фиорентина. Македонецот
беше стартер и помина на теренот еден час. Популарните „рособлу“ имаа прилика
да стават крај на црната серија, немаат победа во Фиренца од 1977 година, но не
ги искористија своите прилики.

Доменико Кришито
промаши пенал, левиот бек имаше 12 од 12 од белата точка, но денешниот 13ти
обид се покажа како баксузен.

Во второто
полувреме Бираски и Пинамоти имаа одлични шанси, но Драговски не дозволи да
биде совлада. Голманот спречи и Миленковиќ да си постигне автогол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани