Проколот за тренинзи во Серија А е завршен, за мечевите се уште не

by
2 минути читање

Медицинскиот експерт во Фудбалската федерација на Италија, Винченцо Салини за италијанските медиуми информираше дека протоколот за тренинзи е прифатен од владата, додека тој за мечеви треба да се доработи.

Доколку еден фудбалер биде позитивен на Ковид-19, тој ќе оди во карантин, додека остатокот од тимот ќе продолжи со изолирани тренинзи, ќе работат заедно, но нема да можат да се мешаат со луѓе од надворешниот свет.

Во тој период интензивно ќе бидат тестирани со цел да не биде позитивен уште некој од нив.

Фудбалерот ќе може да се врати дома кај фамилијата само доколку сите тестови бидат негативни. 

Ова е делот од протоколот во периодот на тренинзи, додека тој за мечевите се уште се доработува и треба да биде завршен најдоцна до 28 мај.

„Протоколот може да биде имплементиран во реалноста, ситуацијата со пандемијата се промени од првата верзија на протоколот кој беше направен во април. Мислам дека е добро тоа што доколку се најдат позитивни случаи, тренинзите може да продолжат“, вели Салини.

„Овој протокол е само за првите две-три недели од тренинзите. Работиме на протокол за мечвите и тој се уште не е завршен“.

„Во новиот протокол за натпреварите може да ги решиме прашањата околу патување на гостински мечеви, влегување на стадионите и друго. Треба да земеме пример од Бундеслигата каде што играчите носат маски додека седат на клупите бидејќи таму не може да биде гарантирана физичката одалеченост“.

„Да бидам искрен, не можам да видам зошто не е дозволено да има прегратки по постигнување на гол а во текот на мечот фудбалерите на теренот имаат многу контакти. Во фудбалот сум 20 години, па има работи кои јас можам да ги очекувам од спортската медицина кои епидемиолозите можеби нема да помислат на нив“.

„Мислам дека сега сме поблиску до продолжување на сезоната, иако бев оптимист уште од самиот старт“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×