Клубовите од
Премиерлигата ја разгледуваат можноста за програмата за тестирање за ковид-19
да биде на повисоко ниво, а сево ова поради стравувања дека неделниот скриниг
во новата сезона не ги задоволува потребите.
„Спортсмејл“
дознава дека постои голема можност за враќање на два предвидени тестови на
неделна основа, што беше случај во т.н. „Проект рестарт“, бидејќи од клубовите
стравуваат дека еднонеделното временско растојание помеѓу тестирањата може да
донесе ширење на заразата без никаква можност за интервенција.
Ако се земе во
предвид дека ова барање сега се разгледува од страна на клубовите, а наводно
постои реална можност истото да се оствари, сега топката се префрла во Премиерлигата,
а особено се проблематични дуелите во куповите каде Премиерлигашите се
среќаваат со клубовите од пониските дивизии, каде нема ниво на тестирање како
во елитната дивизија.
Како за пример,
фудбалери и стручни штабови на Стоук, Брентфорд и Њупорт имаа позитивни случаи
на ковид-19 во текот на вчерашниот ден во пресрет на дуелите со Астон Вила,
Фулам и Њукасл, а сумата за тестирање на еден клуб генерално изнесува 8,000
фунти, истото ќе биде покриено од страна на централниот фонд на Премиерлигата.
Се’ поверојатно е дека ќе дојде до зголемување
на нивото на тестирање во Премиерлигата на два пати неделно, особено откако во
последните тестирања произлегоа десет позитивни случаи на заразата, највисока
бројка откако почна тестирањето со проектот „Рестарт“ за претходната сезона.