Серхио Рамос
јавно призна дека направил старт за да добие жолт картон на првата пресметка со
Ајакс во осминафиналето од Лигата на шампионите, а сето тоа за да го пропушти
реваншот во Мадрид и да влезе без картони во следната рунда од тоа
натпреварување.
Можеби тоа ќе
минеше незабележано доколку Шпанецот не признаеше, но, од Европската куќа на
фудбалот денес донесоа одлука по ова прашање и истата одлука донесе голем
проблем за тимот на Сантијаго Солари.
АС пренесе дека дисциплинската
одлука при ФИФА одлучи да го суспендира Рамос на два меча поради неговата
намера да добие жолт картон на мечот во Амстердам, а дека немаше никакви дилеми
во тоа потврди и видео снимката од мечот каде Шпанецот беше уловен од камерите
како бара дозвола до стручниот штаб на клупата дали да заработи жолт картон.
Официјалната
потврда за суспензијата на Рамос треба да биде објавена во претстојните часови.
Со ова, Рамос ќе
го пропушти реваншот во Мадрид, а освен тоа, ќе биде вон комбинација за
Кралевите и во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите, доколку
стигнат до таа фаза.