Офанзивецот на
Челси, Еден Азар според информациите е под знак прашалник за настап против БАТЕ
Борисов во четврток, во рамките на Лига Европа, откако Белгиецот се здоби со
повреда во ремито против Манчестер јунајтев во Премиерлигата викендов.
Азар не го
пронајде патот до мрежата од голот на Црвените ѓаволи, а освен што би можел да
отсуствува во четврток, би можел да го пропушти и дуелот со Барнли на гостински
терен, во рамките на англискиот шампионат, кој е предвиден да се одигра претстојната
недела.
Првата ѕвезда на
тимот од Лондон на одличен начин ја стартуваше новата сезона откако постигна 7
погодоци во деветте досегашни настапи во Премиерлигата, а Челси со 21 бод
засега е непоразен, односно заостанува само два бода зад Манчестер Сити и
Ливерпул.
Во групата „Л“ од
Лига Европа, Челси досега обезбеди максимални две победи откако триумфираше над
ПАОК и Види.
class="twitter-tweet" data-lang="en">