Проблем за Реал: Мбапе го скока Хетафе, неизвесен и за „Ел Класико“ во Куп-финалето!

by 24 фудбал
1 минути читање

Големата ѕвезда на Реал, Килиан Мбапе, сигурно ќе го пропушти дуелот со Хетафе в среда поради повреда на десниот зглоб.

Французинот се повреди уште во средбата со Арсенал, од тогаш минува интензивни третмани, но не може да тренира и да им помогне на соиграчите на теренот.

Мбапе го мачи повреда и не може да му помогне на тимот. Се повреди против Арсенал минатата среда, а оттогаш е на терапии. Работи напорно за да може да конкурира за тимот за мечот в сабота“, изјави Анчелоти.

Инаку, поради суспензија, Мбапе го пропушти и неделниот натпревар против Атлетик Билбао, што само ја зголемува неизвесноста околу неговиот настап во финалето на Копа краља против Барселона во сабота. Доколку не оздрави на време, Реал ќе мора да бара нови решенија во нападот против „блауграна“.

ФОТО/PHOTO: Real Madrid/David S. Bustamante

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани