Приказните на Ванда не поминуваат кај Касано, Антонио без влакна на јазикот ја нападна сопругата на Икарди!

by
1 минути читање

Касано и Ванда имаа еден дуел, а Антонио сега повторно го кажа своето мислење околу целата ситуација.

Мауро Икарди пред некое време се обиде со писмо да ја сврти работата во негова полза, а Ванда Нара постојано со изјавите го брани својот сопруг префрлувајќи ја вината кон Интер. Но таквите приказни не поминуваат кај Касано.

„Човекот кој ја креираше оваа катастрофа е таа“, вели Касано.

„Таа му создаде проблеми на Икарди. Таа ја креираше оваа вжештена лава околу него. Ајде да бидеме директни, ти (Ванда) зборуваш премногу, премногу ги користиш социјалните медиуми“.

„Доколку Интер му ја земал капитенската лента, тогаш сигурно имало причина за тоа. Аусило, Марота, Спалети и Жанг не се луди“.

„Друга работа, Антонио немаше болка во коленото, но таа се појави откако му ја земаа капитенската лента“.

„И јас правев драма кога имав 21 година. Доколку тој не се врати да игра, тогаш ќе замине. Тоа е ситуација од која нема враќање“.

„Реалноста е дека ние веќе четири месеци зборуваме за оваа ситуација поради работите кои ги кажа Ванда“.

„Спалети ме направи капитен во Рома кога имав 20 години. Бев заменик капитен на Тоти и еднаш ми рече дека повеќе нема да бидам капитен поради тоа што не сум пример за другите“.

„Беше во право. Доколку го прави тоа и со Икарди, сигурно има причина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани