193
Во изминативе
години, името на Роберт Левандовски често се поврзуваше со Реал Мадрид. Според
пишувањата на АС, Полјакот најблиску бил до „Сантијаго Бернабеу“ во 2014
година.
„Кралевите“
можеле да го ангажираат напаѓачот за само 20 милиони евра, но Флорентино Перез не
дал зелено светло.
Имено, Роберт
Левандовски имал пред-договор со Баерн Минхен, и за да го раскине, требал да
плати оштета од 20 милиони евра. Неговиот агент го известил Реал дека се
подготвени ги откачат „баварците“ и да се преселат во Мадрид доколку „кралевите“
ја искешираат оваа сума.
Флорентино Перез
сепак сметал дека ова е лош потег кој ќе значи влегување во војна со Баерн Минхен, па
решил да седи мирен.